Џелал Свечља, министерот за внатрешни работи на Косово објави дека „денес се уапсени тројца Срби кои се осомничени за воени злосторства врз цивилното население“. Свечља на Фејсбук посочи „дека тоа ќе биде судбината на сите оние кои извршија злосторства на Косово“.
– Тројцата уапсени се осомничени дека во периодот 1998-1999 година тепале, мачеле и малтретирале Албанци затворени во затворот во Липјан. Злосторствата извршени од Србија за време на војната на Косово нема да останат неказнети – изјави Свечља.