Тој најави нови сериозни докази за сторени кривични дела на Обвинителството, бидејќи, како што рече, свиркачот што му ги дал податоците бил избркан од МВР. – И токму затоа пристигнаа нови докази за учеството на МВР и на ЈО дека од првиот ден, од 5 декември 2023 година се во тек со оружјето – рече Палевски.
Судот констатира дека на видеозаписите се гледаа обвинетите Палевски, Манев, Видевски и Кешишев. Сите во одредени моменти носат капчиња на главата и средства за комуникација, слушалки, микрофон. Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска рече дека видео снимките се одземени при претрес на куќата на Манев на 3.12.2023, кога е одземен целокупниот уред со кој се поврзани камерите. Во таа содржина постојат видеозаписи од 20.11 до 3.12.2023 година