Во Галичник на патниот во правец кон хотел Неда и Старацрков после мостот има свлечиште кое го отежнува движењето на возилата. Воочи првомајскиот продолжен викенд половина од местото може да биде изолирано, заедно со хотелот Неда. „Настанот е пријавен до Општината и до Центарот за управување со кризи. Екипи се веќе на терен и ќе работат на проширување на патот за да се овозможи безбедно поминување до негова санација. Патот, кој е од витално значење за комуникацијата и секојдневниот живот во Галичник, во моментот е сериозно оштетен, со потенцијал целосно да се прекине пристапот до нашата заедница. Ситуацијата претставува опасност не само за безбедноста на луѓето, туку и за нормалното функционирање на сите активности во местото.
Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник
Галичник, како културно наследство од национално значење и симбол на традицијата и историјата на Македонија, не може да си дозволи ваков прекин, особено во пресрет на летната сезона кога се очекуваат зголемен број гости и културни настани. Апелираме до надлежните институции за итна интервенција и санација на патот, како и до медиумите да помогнат во подигање на јавната свест за сериозноста на ситуацијата. Ние, жителите и чуварите на Галичник, остануваме на располагање за понатамошна координација и информации“, информираат од МЗ Галичник