СДСМ го критикува потегот вработените во културата да не ги добијат своите плати пред празникот Велигден и сметаат дека нема значење извинувањето на министерот за култура, Зоран Љутков. Според СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи груб и срамен удар врз културните работници токму во пресрет на големиот христијански празник. -СДСМ прашува, зошто не се почитува колективниот договор? Зошто културните работници се навредуваат од страна на институцијата што треба да ги штити? Ако Љутков не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка, велат од најголематаЉутков вчера им се извини на вработените во културата кои не добија плата пред Велигден. За неисплатените плати, министерот ги прогласи за виновни сите пред него кои на време обезбедувале плати за културните работници.
СДСМ: Ако Љутков не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка
-Причината за ова е долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата што пак секоја година создава огромни проблеми. За конечно и трајно да го надминеме овој предизвик мораше да се усогласат сите засегнати страни, што не било пракса во минатото и сето тоа за жал, доведе до доцнење со исплатата. Ве уверувам дека оваа постапка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во иднина. Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате. Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат.., објави тој меѓу другото. опозициска партија, истакнувајќи дека културните работници создаваат вредности, чуваат традиција и заслужуваат третман со достоинство, а не молк, навреди и игнорирање. Љутков вчера им се извини на вработените во културата кои не добија плата пред Велигден. За неисплатените плати, министерот ги прогласи за виновни сите пред него кои на време обезбедувале плати за културните работници.