Ова е тотален распад на безбедносниот апарат. Нешто сериозно не е во ред со институциите, со системот. А цената за неспособноста во управување со безбедносниот систем ја плаќаат граѓаните и тоа прескапо, со своите животи. Како може да нема одговорност за никој во МВР и во полициските структури? Дири и за најголемата трагедија во Кочани се уште нема одговорност од актуелни полициски функционери кои на денот на пожарот биле на позиции а не презеле ништо. Безбедноста е нарушена, криминалот и насилството се шират на секој чекор, во МВР владее тотален хаос и нефункционалност а никој не презема одговорност. Уште колку луѓе треба да загинат за Панче Тошковски конечно да понесе одговорност? Доста беше Тошковски. Време е за оставка, време е за одговорност.
Тоа е прв чекор за враќање на безбедноста на улиците, во државата, за враќање на мирот и спокојот на граѓаните. Потребни се промени и итни реформи во безбедносниот систем, нови мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителните области! Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв. Граѓаните заслужуваат мирен, безбеден и достоинствен живот! СДСМ ќе продолжи гласно да се бори за враќање на безбедноста на улиците, владеење на правото и за функционални институции што работат во интерес на граѓаните!