Големиот корупциски скандал ја разоткри вистината, Максим Димитриевски ја злоупотреби ЗНАМ за свои бизнис зделки. Истиот човек кој гласно обвинуваше за криминал и ја обележуваше ДУИ како најголем проблем е фатен како соработува токму со нив – во криминал. ЗНАМ никогаш не беше автентична политичка понуда. Таа постои за две цели: да биде продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и да му служи на Димитриевски како алатка за остварување а неговите бизнис интереси.
Граѓаните и членовите на ЗНАМ сега со право се чувствуваат изневерени и оттука е големата нервоза кај Димитриевски. Наместо прозивки за СДСМ, после корупцискиот скандал Димитриевски нека се подготви за соочување со одговорноста пред истражните и судски органи. Што се однесува до враќањето на членовите на ЗНАМ во СДСМ, тоа е веќе започнато. Прогрес на македонската политичка сцена и вистински напредок на државата ќе има само кога од македонската политика ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја сфакаат и користат само за да украдат макар и еден пар чизми.