Заедно со вас чекориме силно и одлучно кон иднината
#СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет.
Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.
Утре, 25.10.2022 година, заедно со граѓаните во пет градови.
Во 18.30 ч, централна граѓанска трибина во Битола со претседателот Димитар Ковачевски.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Ресен, со заменик претседателката Сања Лукаревска.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Новаци со потпретседателот Стефан Богоев.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Могила со потпретседателката Бисера Костадиновска.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Демир Хисар со организацискиот секретар Вангел Андрески.