Фатени во историски корупциски скандал, со очајната реакција полна со лаги и празни обвинувања, ЗНАМ и Максим Димитриевски само го потврдија скандалот кој денеска го објави СДСМ. Наместо да пишуваат фермани, требаше само едноставно да одговорат на јасно поставените прашања на кои сите сакаат одговор: Како тоа со купи-продај земјиште преку ноќ се печалат 350.000 евра? Како тоа ДУИ беше лоша партија против која Максим жестоко се бореше, но сега е партијата со која го договорил гласањето на ДУП-от? Што им ветил и каква услуга им должи сега? Му порачуваме да излезе и сам да каже затоа што ние ја знаеме вистината и ќе одиме до крај.
Ниедно празно обвинување на ЗНАМ кон СДСМ не може да го оправда очигледниот конфликт на интереси и корупција во оваа продажба. Максим Димитриевски и ЗНАМ се партија која, освен личните интереси и бизниси, очигледно немаат друга улога во општеството. Не е ни чудо што тонат целосно и се сведоа на привезок на Мицкоски и ДПМНЕ. Димитриевски со овој скандал си ги сруши единствените две ветувања дадени пред граѓаните, а тоа е дека ќе се бори за правда и ќе се бори против ДУИ. Димитриевски успеа политички да се самоуништи во желба да прибави корист за себе и тоа од фантастични 350.000 евра!
Граѓаните на Куманово и целата јавност треба да знаат дека лажниот патриот Димитриевски, лажниот борец за правда кој ќе го праќаше ДУИ во опозиција, не е ништо друго туку криминална инсталација на ДПМНЕ која има епизодна улога во политиката. Ваквите политичари како Димитриевски, кои си ги погазуваат изборните ветувања за неполна година, ќе бидат жестоко казнети. СДСМ нема да молчи, за овој скандал имаме целосни информации и ќе ги објавиме до крај!