Наместо да собере доблест и да се извини за навредливите и дискриминаторски изјави кон пратеничката Славјанка Петровска, министерката за финансии синоќа на телевизија продолжи со арогантни и понижувачки пораки. Откако пред четири дена ја праша пратеничката „со кое право во уста ги ставате мајките“ и „како вие знаете колку треба да троши едно повеќечлено семејство“, сега министерката оди чекор понатаму – во телевизиско интервју цинично порача дека „ако толку не интересира, може да се распрашаме за нејзиниот живот.“
Ова е крајно загрижувачко однесување на Кочосока, без трошка емпатија и чувство за јавна функција. Вакви луѓе не смеат да бидат на Клучни позииции во државата, а Мицкоски три дена молчи и не ја разрешува. Дали и тој ги дели овие ставови за жените, дали ќе ја брани „до последно“? На министерката СДСМ има да и порача едно: Покажавте целосно непочитување кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, кон граѓаните кои секојдневно се борат со зголемените трошоци, и кон јавноста која очекува барем малку одговорност од еден министер.
Министерска функција подразбира одговорност, а не ароганција и навреди. Наместо да покаже минимум култура и емпатија, министерката дополнително ги продлабочи навредите, покажувајќи дека или не разбира што кажала или се обидува да се извлече со уште поголема дрскост. И во двата случаи тоа е катастрофа. Ова не е само личен став на една министерка. Ова е прашање за кое Владата мора да се изјасни – дали премиерот стои зад ваквиот однос? Дали за него е прифатливо министерката за финансии да дискриминира и да навредува? СДСМ најостро го осудува ваквиот однос и бара министерката за финансии веднаш да биде разрешена. Ваквата ароганција и игноранција немаат место во една одговорна влада.