Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива. Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно. Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум. Народот чека одговори и бара одговорност. Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина?
Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството. Откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да ти биде алатка за твоите бизнис интереси и лично богатење, параван за твоето слугување кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат. Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми.