Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани работници, Економските индикатори и факти за животот во Македонија зборуваат јасно – животниот стандард на граѓаните е во постојан пад, додека Владата не презема никакви конкретни мерки за да ја подобри економската состојба. Не само што не презема ништо, туку и не прифаќа ништо понудено до СДСМ, а тоа се докажани мерки за намалување на трошоците за живот. Фактите покажуваат дека цените растат неколкукратно побрзо од платите и граѓаните од ден во ден можат да си дозволат сè помалку. Струјата е поскапена за 20 до 30%, парното за 5% и дополнително ќе расте, услугите се вивнати до небо. Цените на основните прехранбени производи се зголемени за 30 проценти.