Со месеци сведочиме на невиден хаос во македонското јавно здравство, предизвикан од неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ. Меѓу најпогодените од овој катастрофален менаџмент се онколошките пациенти, чии животи се директно загрозени. Неодостаток на лекови, катастрофалните услови, долгите чекања, недостатокот на медицински кадар – голготата на онколошките пациенти не запира! Немаше лекови за биолошка терапија на Клиниката за онкологија, а сега цели еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер.
Пациенти од целата земја, чие лекување зависи од оваа дијагностичка процедура, власта ги остави без неопходната медицинска услуга. Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност да управуваат со здравствениот систем, но цената за нивната неспособност ја плаќаат граѓаните и пациентите. Ова мора да запре! СДСМ бара одговорност од директорката, Невена Маневска, и од министерот за здравство, Арбен Таравари. Министерството за здравство мора веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура. Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!