Почитувани, Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Дали директорт на БЈБ, Александар Јанев не ги исполнува условите за функцијата? Според информации објавени во неколку медиуми, поднесена е анонимна претставка до ДКСК поради основани сомнежи за незаконитост на дипломата за магистерски студии на Јанев, на Универзитетот Скопје. Оваа диплома е меѓу основните законски услови за да може да биде назначен за директор на БЈБ.
Ова е сериозна безбедносна закана. СДСМ ќе продолжи гласно да го разобличува секој скандал, секој фалсификат и секој обид за окупирање на институциите по незаконски пат. Функционирањето на безбедосните служби не смее да биде жртва на партиската држава која ја инсталира ВМРО-ДПМНЕ повторно.