Од опозициската политичка партија СДСМ ја осудуваат изјавата на новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески во вчерашното интервју за ТВ21, кога им порача на граѓаните дека не е срамота да се работат по две-три работи бидејќи минималната плата во Македонија не гарантира пристоен живот.
-Во своето срамно интервју на ТВ21, Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3.000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе, туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат- велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека Славески како претседател на Советот, како што велат, го уништил градот Скопје, а сега како гувернер на Народната банка очигледно ќе ја уништува и монетарната политика.