Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби. Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот. Трошоците за живот растат а платите стагнираат. Само за храна и пијалоци се потребни над една третина од вкупниот износ на синдикалната кошнишка.
Владата нема никаков економски резултат и очигледно не ја интересира воопшто стандардот на граѓаните, освен нивниот личен интерес. Додека власта се луксузира со папаја, манго, и аспарагус граѓаните се доведени до точка кога мора да избираат – дали да купат храна, да платат сметки или да се лекуваат. Ова не се само статистички податоци, ова е сурова реалност и директен удар врз секое семејство, системско осиромашување на народот.
Ова е резултат на неспособноста и дебаклот на промашените економски политики на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски. СДСМ ќе продолжи гласно да ја разобличува катастрофалната економска политика на оваа власт и ќе се бори за реални решенија кои ќе им помогнат на граѓаните да се справат со кризата што ја создава неспособноста на Владата.