
Македонската идеја за државност, независност, слобода и економски напредок од секогаш била блиска и еднаква по вредност со европската идеја.
Во ЕУ го пренесуваме македонскиот идентитет и јазик, признаени и прифатени од сите земји членки, како темел во заедницата во која секој е свој на своето.
Имаме одговорност тоа да го обезбедиме. Не смееме да дозволиме нова изолација. Афирмацијата на македонскиот идентитет и на македонскиот јазик не се потврдуваат во изолација, туку во заедницата со другите народи во ЕУ.
Интегриран идентитет како што сите го посакуваме македонскиот, значи идентитет кој се промовира и развива рамо до рамо со останатите.
Европска иднина, а не изолација е нашата определба.
