Во Северна Ирска немирите продолжуваат трета ноќ по ред, а видеата и сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат пожар во рекреативен центар во градот Ларне, откако маскирани млади ги искршиле стаклата на зградата.Стотици маскирани демонстранти ја нападнаа полицијата и запалија куќи и автомобили на 33 километри западно во градот Балимена во последните две ноќи, јавува Ројтерс.Северноирската полиција во соопштение наведе дека го осудува „расистичкото насилство“ и потврди дека за време на немирите биле повредени 32 припадници на полицијата.
Полицијата за безредијата и оклопните возила вечерва ги блокираа улиците на Балимена, каде се собраа околу 200 луѓе.
Два камења биле фрлени од групата кон полициското комбе, а едно лице удрило во хаубата на полициското возило, изјавил очевидец за новинарот на Ројтерс.
Насилството започна во неделата вечерта откако две 14-годишни момчиња се обидоа да силуваат девојче.
Ирските медиуми објавија дека обвинетите тинејџери, за кои се вели дека имаат романско потекло, се појавиле на суд со преведувачи, но нивниот идентитет не е откриен поради нивната возраст.