Директорката на Академијата за протокол, Лукреција Маљковиќ- Атанасовска, со порака до надлежните заради несреќата во Кочани.
„Сега булдожер. Срамнете тоа шталата со земја. Трага да не остане од тој пекол. И направете парк. Зелен, со цвеќиња. Со дрвца. Дрвце за секое дете. Со клупи. Со името нивно врежано на секоја од нив. И птиците ко ќе пеат, како нивните гласови да ги слушаме. Парк. Спомен на нивната младост и невиност. Парк. Потсетник на вашата алчност и грев.“, напиша таа.