Седум лица, меѓу кои и двегодишно дете, загинаа денеска при пад на цивилен хеликоптер во државата Утаракханд на северот на Индија, јавија локалните медиуми. Индискиот ТВ канал Њуз 18 наведува дека трагедијата се случила утрово и дека во леталото имало шест патници и еден пилот, пренесува РИА Новости.
Повикувајќи се на локалниот оддел за воздухопловство на државата Утаракханд, индиската новинска агенција АНИ објави дека хеликоптерот се урнал во близина на селото Гаурикунди и дека, според сите првични информации, лошото време е причина за несреќата. Припадниците на спасувачките служби пристигнале на местото на настанот, наведува индиската агенција, пренесува Танјуг.