Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна категорија која е доста популарен израз на бунтовност. Сепак, секогаш треба да се употреби и здрава перцепција за тоа што е фантазија а што објективна реално.
Што се однесува од приказната, во основната игра има гротескно магично дрво на кое се собрани злобни неправедници или тие што не можеле да ја исплатат услугата од проклетото дрво во шумата. Без да откриваме повеќе детали, ќе посочиме дека и играчот е инволвиран во служење на дрвото. Играчите добиваат вештерски магии како повикување огнена топка наречена Doom Orb што гори се со нивните удари (алегорија за деструктивната моќ на секој човек преку непотребно насилство-воедно и симбол за нуклеарна катастрофа), проколната отровна крастава жаба – животно дух што се бори покрај вас (како еколошка порака за загадување и заштита на правата на животни) Poison Frog Servant истата референца е и со вештерската способност за повикување Firebats Servants -јато лилјаци што се спуштаат горејки како „камикази“ над противниците. Што се однесува до механиките (ви го препорачуваме читањето на овој Водич за RPG термини за подобро разбирање на текстот) и самата игра – добивате бесплатен пристап до сезоната но само со ограничување на основни скинови доколку ја имате купено играта претходно. Изненадувачки е што продажбите на Diablo 4 се зголемени преку Steam наспроти Battle.net бидејќи од неодамна играта се продава и на Steam каде има и видливи ачивменти на профилот што „сите ги гледаат“.
Диабло 4 станува лесна игра и соло во Endgame фазата (при крајот на играта), но за вистински тешките содржини мора да се биде во група. И покрај тоа што нема многу популација во моментов, што според некои анализи е поради успехот на Path of Exile 2, секако Диабло 4 може да се игра со пријатели. Најкорисен сајт за билдови е icyveins каде после комплетирање на потребните елементи, скилови, оружје, оклоп и накит -станувате OP (OverPowered). Во оваа сезона со таа цел може да снимате цели темплејти на билдови и сетинг на скилови – и да ги менувате за различни потребни ситуации – опција што на хартија изгледа супер но повеќе реално служи за козметика. Еве како изгледаат најновите скинови (играчите често имаат впечаток дека сезонските сетови од battlepass-овите можат секогаш да бидат и уште подобри, но и сфаќаат дека навистина добро сработените се продажните во „во кеш шопот“ и тоа се прави намерно – да личат добро ама не предобро -за да се купуваат навистина добрите):
Извор: Новинска агенција МЕТА