Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова Стапката на неактивност кај жените изнесува 56,5 отсто. Работата на домаќинките чини 8 отсто од БДП. Фирмите се подобри кога има повеќе жени во одборите. На крајот на минатата година во Македонија имало 1 515 039 работоспособни граѓани.
Според податоците кои Државниот завод за статистика ги објави вчера поголем дел од работоспособните граѓани на земјата (лица постари од 15 години) се жени, 770 399. И покрај тоа што жените кои можат да работат се побројни, стапката на неактивност е поголема. Податоците за четвртиот квартал лани покажуваат дека секоја втора жена воопшто не бара работа.