Кој рече дека во нашата Македонија нема хумани луѓе? Еден од оние кои постојано знаат да помагаат е Заменик Генералниот Директор на ЈП “Македoнски Шуми”, Кире Михаилов, Имено, Михаилов си зеде обврска да ги покрие сите трошоци околу целокупното лекување на Злате од село Сирково, кој се здоби со тешки игореници по целото тело, откако несебично се бореше со “огнените јазици” во Општина Росоман.
Го посетив Злате од село Сирково кој се здоби со изгореници од втор и трет степен учествувајќи во гасење на пожар во општина Росоман. Ја земав обврската да му го покријам целото негово потребно лекување затоа што сметам дека сите ние имаме обврска да му се раздолжиме на овој човек – порача Михаилов.
