Не сме разговарале за попис пред редовниот рок и дека нема да има друг попис следната година, велат од ВЛЕН. Секој иден попис како што велат, мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус, кој ќе ја исправи измамата на ДУИ и СДСМ и ќе обезбеди фер, инклузивен и прифатен процес од сите страни.
– Влен останува цврсто во одбрана на албанската дијаспора, која со децении е главен столб на економскиот, социјалниот и националниот опстанок на Албанците во Северна Македонија. Тие не се ‘нерезиденти“, туку се неразделен дел од нашата нација и директен придонесувач за развојот на нашата земја – велат од Влен.Од ВЛЕН порачаа и дека ќе бараат кривична одговорност за бришење на дијаспората од пописот во 2021г.
-Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата ‘резиденти/нерезиденти’ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори: Кој ја донесе одлуката да биде избришана албанската дијаспора од пописот на населението во 2021 година? По која цена беа продадени Албанците во овие валкани зделки? Коалицијата ВЛЕН ќе бара кривична одговорност за сите оние кои, без никаква правна основа, ја измислија категоријата ‘нерезиденти’, пречекорувајќи ги своите надлежности и намерно исклучувајќи ја дијаспората од официјалните податоци – порачаа од ВЛЕН.
Од ДУИ испратија реакција во која се наведува дека власта се обидува да направи дигитален инженеринг со најавите за електронски попис идната година.