Средбите со граѓаните, кои ќе бидат во траење од 15 минути, ќе бидат секој петок, во периодот од 10 до 15 часот. За да закажат средба, заинтересираните треба онлајн да ги остават своето име и презиме, телефонски број и тема за разговор. Алиу нагласи дека нема ограничувања на темите за разговор.
Новата веб-страница е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а Алиу нагласува дека таа е приспособена и за лица со посебни потреби.Министерот Алиу рече дека работат на подобрување на здравствената заштита за сите граѓани во земјава, а во насока на зголемена транспарентност, најави одржување на неделни прес-конференции за информирање на јавноста за новите настани, како и брифинзи со новинарите секоја среда на кои ќе споделува информации за тековните активности на Министерството.