Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода
Денеска видовме насмевки, енергија и искрена среќа.
Сето тоа е доказ дека кога инвестираме во заедницата и во нашите најмлади, инвестираме во иднината. Овој ,,Семеен ден” е симбол на вредностите што ги негуваме во Кисела Вода – топлина, поддршка, поврзаност.
Настанот понуди богата програма: детски перформанси, мјузикл, танцови точки, спортски игри, креативни работилници, аниматори, маскоти, трамболини, фотозона и бројни изненадувања за најмладите. Настап имаа дечињата од градинките „8 Март“ и „Весели Цветови“, театарската група „Отпишани“, како и танцовиот клуб за деца, Dance Latina-Стефи, со неколку тематски кореографии. Атмосферата беше весела и динамична, а Парк „Македонија“ се претвори во простор исполнет со детска радост.
Продолжуваме со работа во таа насока.
Да создаваме уште повеќе вакви моменти и каде што заедништвото ќе биде во прв план.
Вечерва, Културното лето 2025 ќе биде заокружено со завршна вечер исполнета со смеа и музика. Од 20:30 часот на сцената ќе настапат стенд-ап комичарите Бојан Велевски и Маријан Георгиевски, а веднаш потоа ќе следува настап на Теа и 2Exit со незаборавни македонски евергрини.