ММС стапи и во контакт со семејството на Стојан Спасов, 26 годишен македонски државјанин од Виница, кој пред неколку дена починал пред трговскиот центар „Парадајз“ во Бугарија. Семејството ги демнатира сите шпекулации кои деновиве беа изнесени во медиумите и тврди дека нивниот најблизок починал од срцев удар според резултатите кои ги добиле од аутопсијата.-Не сакаме никој да ја почуствува болката што ја чувствуваме ние, но сепак сметаме дека секој треба да има барем малку човечност и доблест во себе. Нечесно е на нечија туѓа несреќа да се добива внимание и медиумска популарност. Според документот што го добивме од Судска медицина, по направената аутопсија, утвредно е дека причината за смрт е срцев удар.
Затоа се надеваме дека Ббог ќе им даде ум на сите луѓе што не се свесни што пишуваат. Не осудуваме никого и не бараме ничија помош, нашите блиски се со нас.Единствен начин да се помогне е да се каже вистината, а вистината е таа што ја кажавме. А тоа што го кажавме, ни го потврдија и од нашата амбасада. Нам ни останува сами да тагуваме до крајот на нашите животи. Сите што лично го познаваа, знаеја каков човек и спортист беше. А тие што не го познаваат можат да мислат и да зборуваат што сакаат, кажа за ММС семејството Спасовски.Според објавите на пријателите на починатиот, се работи за Стојан Спасов. Повеќето од пријателите на починатиот биле спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, во кои спаѓал и Спасов. Претходно во информациите се тврдеше дека бил убиен, а потоа дека се предозирал.