Подетален преглед на публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“. По објавувањето на интернет, значајната публикација „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“ сега е достапна и во печатена форма. Овој документ од 200 страни обезбедува храбри препораки за политики, критички согледувања и глобален повик за акција за демократијата во време на војна, национализам и авторитаризам. Публикацијта претставува најсеопфатниот резултат од Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во Скопје на 11–12 декември 2024 година. Истата ја одразува колективната работа на Иницијативата за одбрана на демократијата, формирана по настанот. Дизајнирана и како референца и практична алатка, публикацијата го поддржува развојот и спроведувањето на национални и меѓународни стратегии за спротивставување на авторитарните закани, зајакнување на демократската отпорност и промовирање на човековите права.
Подетален преглед на публикацијата Дел I – Препораки за политики: Опфаќајќи десет тематски делови, ова поглавје обезбедува суштински контекст, детални препораки и конкретни чекори, мерки и активности. Насочено е на политички лидери, актери од граѓанското општество, академци и агенти на промени. Дел II – Гласови од конференцијата: Презентирајќи ги главните обраќања од истакнати европски и американски лидери и мислители, овој дел го доловува духот и интелектуалната основа на иницијативата. Дел III – Активности и документирање: Овој дел ја документира агендата на конференцијата, работилниците, ангажманите со печатот и настаните за вмрежување. Вклучува презентација на изложбата Одбрана на демократијата: 25 години ЦИВИЛ и нуди ресурси за континуирано учење и застапување. Водечките принципи на Иницијативата за одбрана на демократијата, одразени низ публикацијата, вклучуваат:
- Обнова на политичката култура заснована на демократските вредности
- Спротивставување на авторитаризмот, крајно десничарскиот екстремизам и националистичкиот радикализам
- Поддршка на независните медиуми и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и хибридните закани
- Застапување стратегии за запирање на руската агресивна војна против Украина и заштита на глобалниот мир и демократија
Публикацијата е достапна и во дигтален и во печатен формат. Достапна е онлајн во лесно читлив формат што може да се преземе под „Creative Commons 4.0 International License“, a одбрани печатени примероци се дистрибуираат на клучните институции, носители на одлуки, медиуми и меѓународните партнери. Прочитајте ја публикацијата онлајн
Media Dialogue (Germany)
Defending Democracy
CIVIL MEDIA
Civil Today
Drejt
Green CIVIL
За проектот – Публикацијата е дел од проектот поддржан од Владата на Северна Рајна–Вестфалија и спроведен од меѓународниот конзорциум:
- Младите за медиумите и Медиа Дијалог (Германија)
- ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија)
- Нов европски граѓански форум (Брисел)
Овие организации се ко-основачи на Иницијативата за одбрана на демократијата, посветена на спротивставување на антидемократските сили и градење сојузи за демократска трансформација и човекови права ширум светот. Основачите на Иницијативата за одбрана на демократијата ги покануваат институциите, медиумите, граѓанското општество и поединците да ја истражат публикацијата, да ја споделат нејзината порака и да станат дел од глобалното движење за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – заедно, можеме да ја одбраниме демократијата и човековите права.