Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на Партизанска во Скопје, се огласи со обвинувања против движењеѕо „Кој е следен“ дека ја злоупотрбуваат нивната болка за да остварат нивни интереси. „Кој е следен“ стоеше зад протестите за Фросина, а сега стои зад протестите за трагедијата во Кочани. „Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата ‘Кој е следен’, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка – затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност. Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра Фросина“ пишува Кулакова. Според неа некој со болен ум, со туѓа трагедија, решил да си прави профит, па така во јавноста се појавила иницијативата „Кој е следен“.“, ја почнува објавата Кулакова. „Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација.
Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но, луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата. „Кој е следен?“ да ве прашаме вас: Кој е следен?, Која мајка? Кој брат? Која сестра? Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“, се додава во објавата. И таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор, остро реагира на обидот да се искористи нивната голема тага и смртта на неговата ќерка, од страна на иницијативата „Кој е следен“, за што претходно објава на Фејсбук имаше неговата ќерка Росица. „КОЈ Е СЛЕДЕН” – продолжение на бедата на она што со години го живееме и растурениот систем на вредности…Политички глодари, политички некрофили… И дното е пробиено… Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ – ФРОСИНЧЕ. Исто и ќе бараме начин како институционално да си преземат одговорност и да одговараат за вакви злодела, манипулации…“, напиша тој на Фејсбук.