Откако Фејсбук страницата „Никана.гр“, која пренесува искуства на српски туристи во Грција, соопшти дека од мост во Македонија на патот од Грција кон Србија, некој врзал камен на мост, кој удирал во ветробранските стакла на возилата и ги кршел, на нивниот пост се огласи и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој им побара попрецизна локација, најверојатно да го отстрани каменот и да ги фатат сторителите. „Молам, пратете инфо со попрецизна локација на местото“, коментираше тој.