МВР од утрово врши претреси на пет локации во Скопје, се апсат нови членови од групата „Беланоца-Барон“. „Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје. Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон““ соопшти обвинителството. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот.
Се работи за луѓе поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на Пластичарска улица со кое во Мај 2024 беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети, како и убиството на Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти на Халкидики во Грција.