Голем пожар се случил ноќеска на паркинг во скопската општина Кисела Вода, кога најпрвин се запалил автомобил „Рено“, а потоа пожарот се проширил на уште седум автомобили во близина, соопшти МВР.
„Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје. Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки. Од екипа на Брогадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен“, пишува во полициското соопштение