28.8 C
Скопје
02/05/2025 13:57
МАКТЕЛ

     

Се истенчи поддршката за бугарската влада, се разоткри изборната измама

      

„Изборниот фалсификат е веројатно многу пораширен од она што Уставниот суд го прифати како неспорно утврдено во случајот со делумното поништување на последните парламентарни избори во октомври минатата година“, пишува бугарскиот портал Медиапул по вчерашната одлука со која 16 актуелни пратеници од сите парлементарни партии ги загубија своите места, на сметка на влезот на 10 пратеници на Величие, која според официјалните резултати од изборите во октомври минатата година не успеа да го помине изборниот праг од четири проценти за многу мал број гласови. Уставниот суд поништи најмногу гласови (1.110) од партијата на Дељан Пеевски, ДПС – Нов почеток. На второ место е ГЕРБ со 452 избришани гласови. „Сепак, образложението на судот ги истакнува постојаните сомнежи или утврдени прекршувања во однос на изборните единици во кои партијата на Дељан Пеевски има особено добри резултати. Најчесто споменувана изборна единица е Благоевград, каде ДПС – Нов почеток освои дури 21,5% од гласовите и е втора сила по ГЕРБ (32,8%). Многу често се спомнуваат сомнежи или прекршувања констатирани при гласањето во Пазарџик, Карџали и други области, каде што е силна партијата на Пеевски. Во рамките на уставните надлежности, Уставниот суд ги прифати заклучоците на вештаците за гласање на 1.768 избирачки места, што е околу 15 отсто од сите места во државата. Вештаците наидуваат на бројни прекршоци кои предизвикуваат назначување на посебно вештачење“, пишува Медиапул.

По одлуката на Уставен, Централната изборна комисија на Бугарија соопшти кои партии колку пратенички места ќе загубат на сметка на влегувањето на Величие со 10 пратеници во Народното собрание. Така владејачката партија ГЕРБ-СДС загуби три места, па сега има 66 пратеници, ПП-ДБ – едно место, а остануваа 36, Преродба на Костадинов загуби две места и сега има 33 пратеници, ДПС – Нов почеток падна на 29 пратеници, односно еден помалку, БСП-Обединета левица загуби еден пратеник и сега има 17, АПС остануваат со 19 пратеници, а Има таков народ падна на 17 пратеници, со еден помалку. И најмалата пратеничка група на МЕЧ загуби еден пратеник и сега има 11. ЦИК ги објави имињата на новите 16 пратеници во Народното собрание меѓу кои е и лидерот на Величие Ивелин Михајлов. На местата од два пратеници на ДПС- Нов почеток влегува само еден пратеник, а тројца пратеници на ИТН излегуваат, но влегуваат други двајца од истата партија, а истото се случува и со МЕЧ. Дел од новите пратеници веќе положија заклета и почнуваат со работа во Народното собрание на Бугарија. Борисов очекува хаос
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред одлуката на Уставниот суд коментираше дека евентуалниот влез на партијата „Величие“ во парламентот ќе го блокира влезот на Бугарија во еврозоната и дека деветтата партија во парламентот ќе направи поголем хаос.

   

Откако стана извесна промената во парламентот со влезот на 10-те пратеници на Величие, Борисов коментираше: „Заговорот успеа и нè ограбија. Претседателот Радев не може да продолжи со лицемерието бидејќи сето тоа го направија неговите судии“, рече Борисов и додаде дека кога парламентот номинира уставни судии, тие поминуваат низ комисии, расправи и се знае кој кого предложил, додека претседателот ги именува сам.
За констатираните прекршувања на изборите, Борисов рече дека „за Софија, за округот Триадица, пишувањето нула и крадењето на мнозинството покажува дека желбите за пад на оваа влада се веќе очигледни“. Новата бугарска влада на премиерот Росен Жељазков по многу договарања, калкулации и отстапки беше избрана на седницата на 16 јануари и во неа освен победничката ГЕРБ-СДС влезе и БСП и Има таков народ (ИТН), а доби и поддршка од фракцијата на Ахмед Доган АСП. Новата влада во парламентот беше изгласана со 125 гласови „за“, од вкупно 240, а сега со влезот на Величие кревкото мнозинство кое ја поддржува владата падна на 121 пратеник. Што утврди Уставниот суд. Бугарскиот Уставен суд подетално со ангажирање на вештаци го бараше фалсификатот на изборите од 27 октомври и откри 95 хартиени ливчиња во областа Враца, 72 ливчиња од Монтана и 106 хартиени ливчиња од регионот на Плевен се фалсификувани. Не беа пополнети од поединечни гласачи, туку најверојатно од еден или двајца поединци. Друг проблем на изборите во Бугарија е можноста да се контролира гласањето со мобилна гласачка кутија кое се однесува на болни и изнемоштени лица кои поднесуваат барање да гласаат од дома, но проверката покажа дека на пример, во Пазарџик со мобилна гласачка кутија гласале вкупно 271 гласач, при што најголем дел од нив, 95 отсто (258) гласале за една политичка парија, а тоа е ДПС – Нов почеток на олигархот Дељан Пеевски кој не влезе во владината коалиција што остава простор за сомневање од манупулации.

Уставниот суд посочува дека видео надзорот придонесува за поголема транспарентност при пребројувањето на гласовите и директно се одразува на легитимноста на изборната претставничка власт, но додава дека немањето законски утврдени директни правни последици од неспроведувањето на видео надзорот што директно зависи од членовите на изборната комисија на избирачко место. Судот констатира дека најголем број камери (20) не биле намерно вклучени во Карџали и Благоевград (7). Увидот на судот исто така констатирал најчест недостиг на гласачки ливчиња во ИЕ Благоевград, а непосредно пред изборите, направени се промени во составот на месните изборни комисии пред сè од страна на партијата на Пеевски што потоа резултирало со нерегуларни записници од пребројувањето на гласачките ливчиња. Во ИЕ Пазарџик, процентот на записници кои не се во согласност со законските услови е 24%, за 01 Благоевградски изборен реон и за 15 Плевенски изборен регион – близу 30%, за 16 Пловдив изборен регион и 20 Силистренски изборен регион – скоро 32%, а за 23 Софиски регион промените се речиси 32%. Партиски реакции по одлуката на Уставниот суд. Костадин Костадинов на Фејсбук ја коментираше одлуката на Уставниот суд да го прогласи за незаконски изборот на 16 пратеници. И лидерот на Преродба изјави дека на Виктор Папазов и Светослав Тодоров од неговата партија им престанале мандатите.
„Уставниот суд отстрани двајца од најактивните бугарски пратеници за да ја внесе со фалсификат Величие во парламентот. Бидејќи еден пратенички мандат е приближно 10.000 гласа, тоа значи дека вчера во канта за ѓубре беа фрлени гласовите на 20.000 Бугари кои гласаа за Преродба. Во пракса, за да ја внесе патерицата на Пеевски во парламентот, Уставниот суд изврши државен удар и ги фалсификуваше изборните резултати“, пишува Костадинов. „За да излезе вистината за резултатите од парламентарното гласање, гласовите мора да се најдат и прецизно да се бројат, а не да се уништат. Уставниот суд уништи 780 гласа и директно внесе партија во Народното собрание која инаку немала доволно гласови, изјави претседателот на пратеничката група на Има таков народ, Тошко Јорданов. Пратеникот е на став дека не е проблем да се владее со 121 пратеник, бидејќи разликата со претходната бројка (126) не е голема. „Единствено ако некој се разболи или е зафатен, тоа би било проблем при донесување одредена законска регулатива“, додаде Јорданов. Претседателот на Величие, Ивелин Михајлов, кој влезе во парламентот како пратеник, нагласи дека партијата ќе формира пратеничка група и нема да соработува со Борисов и Пеевски од кои, откри, добил парична понуда од 5-100 милиони лева, ден по изборите, од едниот за да се откаже од борбата за гласовите, а од другиот да влезе како партија и да ги поддржи ГЕРБ и ДПС – Нов почеток. „100% со ГЕРБ, ДПС-Нов почеток, БСП и ИТН не можеме да имаме допир. Опозицијата во моментов се ПП-ДБ, МЕЧ и Преродба. Верувам дека ако АПС на Ахмед Доган види дека има можност да го урне моделот Пеевски, а тоа значи и на Борисов, тогаш би направиле флуктуирачко мнозинство во опозицијата“, рече Михајлов. Лидерот на ДПС- Нов почеток Пеевски коментираше дека „нема да има пуч“ и се чувствува како личност која ќе ја спаси Бугарија. „Да бидам јасен – да им се обратам на глутниците, на пудлиците, на оваа партија, на разни фараони, пирамиди и секакви други измислени фигури кои влегуваат и излегуваат од овој парламент преку задниот влез – нема да ја турнете државата. Ако се бунтувате на улица, и јас ќе извадам народ насекаде во земјата, каде што ќе се бунтувате. Нема да има преврати, ќе има Бугарија. И повеќе – Бугарија ќе биде европска и атлантска. И луѓето ќе имаат финансии бидејќи буџетот ќе помине“, рече Пеевски.

  

Најново

Маж од Паланечко ја претепал сопругата

Sase Ivanovski

Вучиќ доби ново предупредување од ЕУ пред заминувањето за Москва

Sase Ivanovski

За 3,9 проценти намален бројот на работници во индустријата во првиот квартал

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридорот 8: „Николовски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот?“

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

ОКТА ОСТВАРИ СИЛНА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Годината започна со предизвици на меѓународниот пазар

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

ТРАМП ВОВЕДЕ КАЗНЕНИ ЦАРИНИ ЗА „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ Еве колку ќе ги чини Американците производот примен по пошта

Sase Ivanovski

РУБИО ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА РУСКАТА ПАРАДА? Медиумите во Кремљ тврдат дека државниот секретар на САД ќе ја посети Москва, Вашингтон молчи

Sase Ivanovski

КОРОНАВИРУСОТ ПОТЕКНУВА ОД САД?! Кина објави „бела книга“ за пандемијата

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

САД ЌЕ РАБОТАТ ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР Дипломатијата треба да ги зближи позициите на Украина и на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка која почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Европската Унија е подготвена да понуди договор вреден 50 милијарди долари за да ги избегне царините на Трамп

Sase Ivanovski

Започнува исплатата на субвенции за потрошена струја

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и топло со можни поројни дождови

Sase Ivanovski

Топ Тема – Повторно избори без измени на Изборниот законик 30.04.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден од бродовите на „Флотилата за слобода“ на Газа е во пламен и испратил СОС, по наводниот напад со беспилотно летало крај брегот на Малта

Sase Ivanovski

Утринава жена прегазена кај АМСМ

Sase Ivanovski

Злато под земја, геополитика на површината: Детално за договорот за минералите

Sase Ivanovski

Богојески им ги раскина договорите на тројца евалуатори, немале завршено обука за да оценуваат апликации

Sase Ivanovski

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, реагираат од СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин за првпат ги отвори вратите од својот стан во Кремљ, еве како изгледа неговиот дом

Sase Ivanovski

Колку се работи во Србија – повеќе отколку во секоја од земјите на ЕУ

Sase Ivanovski

Популистичката партија на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент

Sase Ivanovski

(ВИДЕОАНКЕТА) Дали им верувате на новинарите?

Sase Ivanovski

Довербата во еврото расте: 25% од депозитите на бугарските домаќинства сега се во евра

Sase Ivanovski

Дали наскоро ќе се вработат 100.000 хрватски пензионери? Доаѓа клучна промена

Sase Ivanovski

Норвешкиот пензиски фонд, кој е најголем во светот остана без 40 милијарди долари!

Sase Ivanovski

Куќа и штала изгореа во Марчино поради неизгасната скара

Sase Ivanovski

Бугарските банки наплатиле 12 отсто повеќе од провизии во првиот квартал

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Судија во Тексас ги блокира депортациите според Законот за странци

Sase Ivanovski

Тетовската болница му бара 30 илјади евра на доктор за лекарска грешка со катетар, што не е докажано кој ја направил

Sase Ivanovski

Во кочанската болница на рехабилитација се триесетина повредени во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Трамп го преименуваше Денот на победата и најави и дополнителен празник за славење на победите на САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ватикан: Се инсталира оџакот на Сикстинската капела за престојниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско возел со 1,78 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Словенија е единствената земја-членка на ЕУ што го слави Денот на трудот два дена!

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ќе ја обнови водоводната мрежа на улица во Долно Лисиче

Sase Ivanovski

Се пиело и возело на Први мај: Казнети 132 возачи под дejcтво на алкoxoл

Sase Ivanovski

Во јуни ќе се знае кој ќе добие субвенции за струја

Sase Ivanovski

Македонија уназадува во слободата на медиуми, пад од шест места од лани

Sase Ivanovski

Трамп нареди укинување на финансирањето на државните медиуми

Sase Ivanovski

Избрани зетот и невестата за Галичка свадба

Sase Ivanovski

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Sase Ivanovski

САД и Украина потпишаа договор за минерали кој го зацврстува вложувањето во одбраната на Киев од Русија

Sase Ivanovski

Шведски новинар е осуден во Турција поради навреда кон Ердоган

Sase Ivanovski

Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

ССНМ: Колективните договори се основа за подобрување на работничките права во медиумите

Sase Ivanovski

Шест месеци од трагедијата на железничката во Нови Сад

Sase Ivanovski

Финансиските злоупотреби при изградбата на Тетовскиот театар: Предметот стигна до Врховен суд

Sase Ivanovski

Студентите плаќаат, но не ги избираат своите претставници во Студентското собрание на Универзитетот во Тетово

Sase Ivanovski

Треба ли власта да му се лути на Бујар Османи?

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Денес ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Скопје беше прославен Меѓународниот ден на џезот, дел од светско движење на УНЕСКО

Sase Ivanovski

Солидарност со семејствата на загинатите од Кочани преку фотоактивизам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Sase Ivanovski

Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во делчевско, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Демократски Сојуз: Одржани првите политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерна глума на ССМ дека ги бранат работниците, додека прават договори со СДС

Sase Ivanovski

ВЛАДА: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Левица да каже како од левичарска партија се стекна со имот вреден 1 милион евра за 400 000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се гладни не за правда, туку за враќање на криминалниот луксуз

Sase Ivanovski

Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, 30 години бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Работничките права се човекови права – борбата продолжува!

Sase Ivanovski

„Луксузот ваш е од трудот наш!“, порачаа Синдикалците по повод првомајскиот протест за работнички права

Sase Ivanovski
Вчитувам....