„Изборниот фалсификат е веројатно многу пораширен од она што Уставниот суд го прифати како неспорно утврдено во случајот со делумното поништување на последните парламентарни избори во октомври минатата година“, пишува бугарскиот портал Медиапул по вчерашната одлука со која 16 актуелни пратеници од сите парлементарни партии ги загубија своите места, на сметка на влезот на 10 пратеници на Величие, која според официјалните резултати од изборите во октомври минатата година не успеа да го помине изборниот праг од четири проценти за многу мал број гласови. Уставниот суд поништи најмногу гласови (1.110) од партијата на Дељан Пеевски, ДПС – Нов почеток. На второ место е ГЕРБ со 452 избришани гласови.
„Сепак, образложението на судот ги истакнува постојаните сомнежи или утврдени прекршувања во однос на изборните единици во кои партијата на Дељан Пеевски има особено добри резултати. Најчесто споменувана изборна единица е Благоевград, каде ДПС – Нов почеток освои дури 21,5% од гласовите и е втора сила по ГЕРБ (32,8%). Многу често се спомнуваат сомнежи или прекршувања констатирани при гласањето во Пазарџик, Карџали и други области, каде што е силна партијата на Пеевски. Во рамките на уставните надлежности, Уставниот суд ги прифати заклучоците на вештаците за гласање на 1.768 избирачки места, што е околу 15 отсто од сите места во државата. Вештаците наидуваат на бројни прекршоци кои предизвикуваат назначување на посебно вештачење“, пишува Медиапул.
View this post on Instagram