Лидерите на коалицијата ВЛЕНвечерва на состанок во Скопје разговараат за состојбите во коалицијата. На состанокот присуствуваат лидерите на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими.
Пред состанокот, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата. Вели дека е без очекувања, бидејќи се работело за „редовен состанок на партиите”. На новинарско прашање за тоа дали останува во коалицијата, Таравари рече „Се надевам заедно сме!“ Увертира на вечерашниот состанок беше неколкунеделната неизвесност околу решеноста на Таравари да продолжи да биде дел од коалицијата, како и најавите од другите партии-членки на „Вреди“ за можно обединување во една партија.