„Во 18 часот дошло до тепачка со огнено оружје, при што биле повредени две лица и тоа наши пациенти. Едниот беше во покритична состојба, интервениравме и со екипа за реанимација и анестезија беше префрлен на Клиниките во Скопје. Вториот пациент, исто така повреден, е во постабилна состојба. Нашите торакални хирурзи му поставија торакален одвод за да го стабилизираат и исто така беше испратен на Клиниките „Мајка Тереза“ Скопје“, вели Вучевски.

За тоа дали пресметката била внатре во болницата, Вучевски потврди и истакна дека нема други повредени.„Да, внатре во болницата. Нема повредени лица. Во моментов екипа на МВР и Обвинителството работат на случајот. Се е стабилно“, рече Вучевски.