Тоше Проески има само ден на раѓање, велат неговите фанови, а потсетува МИА, во најавата за денешниот настан на Гумење во Кушево, на кој со програма насловена „Ангел си ти“ ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Според најавите, бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и од странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него.
Инаку, кон средината на декември, лани министрите за култура и за дигитална трансформација, Зоран Љутков и Стефан Андоновски, најавија нов проект посветен на животот и делото на македонската музичка легенда Тоше Проески. Ќе се снимаат игран филм, документарец и телевизиска серија во неколку продолженија кои ќе го проследат неговиот живот и мисија.