Според полицијата, во Хрватска се зголемуваат кражбите во продавници. Минатата година биле забележани дури 11 отсто повеќе кражби од претходната година, открива Н1. Се крадат главно салама, чоколади, пиво и слично. Но, трговците главно се немоќни бидејќи кражбата до 132,72 евра (поранешни 1.000 куни) се смета за ситна кражба и оштетениот трговец се упатува на приватна тужба.
„Може да се каже дека поскапите производи, како сувомеснати производи, кафе, алкохолни пијалоци и непрехранбени производи, се атрактивна цел за кражба“, изјавија од Лидл за Н1. Проценките се дека трговците во Европската унија трпат штети од околу 49 милијарди евра годишно поради кражбите по маркетите, пишува Н1.