За над 25 % е намален е и бројот на склучени бракови. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените луѓе во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња.Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку луѓе е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените луѓе.Во ова тримесечје од годината се склучени 1 846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.