Попладнево се одржа четвртиот протестен марш на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”. Се бара правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот. Претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска рече дека властите се посветуваат повеќе внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата.
– Не треба да ги заборавиме сите овие трагедии. Протестираме за сите барања кои се изнесени во јавноста досега, за кои властите се запознаени. Но, тие повеќе се вртат за тоа кои сме ние, наместо да посветат внимание на тоа што ние бараме, рече Митревска и додаде:
— Конкретно барањата уште претходно ги претставивме, тоа се еден број на кој ќе ги добиеме сите инспекторати истовремено, имаме барања за безбеден град, светлосна сигнализација, граничници на тротоари, тоа е еден цел проект наречен „Визија 0”, кој има 20 барања, рече Митревска. Денешниот протест е организиран од иницијативата “Кој е следен”. Се бара правда и за сите останати трагедии кои се случија изминатиов период. Протестниот марш започна пред Владата, а потоа рутата е кон Судскиот совет, Собранието па се до Кривичниот Суд. На денешниот протест, организиран од иницијативата „Кој е следен?“, присутните пред ГОБ Свет Наум Охридски ја покажаа својата поддршка и на лекарите кои се борат за животите на повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.