Турските власти негираат дека претседателот Реџеп Таип Ердоган е болен.
Центарот за борба против дезинформации при Дирекцијата за комуникации на турското претседателство ги отфрли тврдењата за влошено здравје на претседателот Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги како неосновани и директно насочени против институцијата Претседател.
Центарот соопшти дека Ердоган, како шеф на државата, продолжува да ги извршува своите уставни овластувања и обврски, работи во интерес на својот народ и вложува максимални напори.„Министрите, политичарите и функционерите што се среќаваат со Ердоган се свесни за неговата бистрина и силата зад неговите одлуки“, се додава во соопштението.Претходно, имаше коментар за здравјето на Ердоган на Јутјуб-канал, поради што Центарот го оцени тврдењето како непочитување на сериозното новинарство и недостиг на одговорност.