Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Влада, рече дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото кралство не подразбира и прифаќање мигранти во Македонија.
-Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнерство, има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но не, овде не се работи за тоа. Се работи за соработка меѓу полициските сили и справување со бандите, не за прифаќање мигранти – рече Лосон.