Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во гостувањето во „Само вистина“ истакна дека се чувствува решителност за битката против организираниот криминал.
„Се чувствува една решителност и пред огромната несреќа во Кочани, околу битката против организираниот криминал, онаа грозна афера со труењето на сопствениот народ со мазутот, според моите информации од луѓе што се вклучени во системот на некој начин, долготрајни односи се тоа, има еден голем фокус на ОЈО сега мислам дека нема притисоци нема мешање каде ќе оди што ќе оди се чини дека тој систем е сериозно вклучен, да се истражи се вистински и да има одговорност и правна завршница, вели Димитров.