Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска изјави дека може да потврди дека испораките на оружје од Соединетите Држави за Украина преку Полска се обновени и дека сателитските интернет услуги на „Старлинк“ работат. Сикорски, заедно со украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сабиха во Варшава изјави за новинарите дека Полска е задоволна од новите предлози за постигнување прекин на огнот во Украина, пренесува Ројтерс. Претходно украинските медиуми објавија дека американската воздухопловна компанија „Максар технолоџис“ го вратила пристапот до сателитските снимки на Украина.
Варшава е најголемиот донатор на Украина во финансирањето на терминалите за вселенскиот комуникациски систем „Старлинк“, кој е клучна алатка во борбата против руската инвазија. Сикорски претходно објави дека полското Министерство за дигитализација е еден од најголемите даватели на „Старлинк“ за Украина, а Варшава финансира половина од 42.000 терминали на „Старлинк“ кои работат во земјата со 46 милиони евра годишно, пренесува Танјуг.