„Човекот што Ве поддржува седи на иста маса и тера ќеифови со тој кој Вие го споменувате. Мислам дека не би требало да ги вадам сликите на Вашите лидери кои стојат позади Вас на бина кои се сликани со тој нарко барон и сите негови пријатели“, одговори Пендаровски на обвинувањата на Силјановска-Давкова за помилување на лидери на криминални групи.
Силјановска-Давкова на дуелот на Канал 5 телевизија го обвини Стево Пендаровски дека помилувал предводници на криминални групи за кои Пендаровски кажа дека не е точно, а дека истите се фотографирани со Христијан Мицкоски.
„Не е тој јас кој сум го помилувал“, продолжи Пендаровски, „Немојте да се вадите и да лажете. Дајте слики како јас сум седел со него, но не вадите фотографии затоа што немате. Јас не сум седел, тој што Ве подржува седи“, заклучи Пендаровски.