„Не прифаќам генерални квалификации. Да, преферирам жени, тоа го повторувам, и имав и свој кандидат и кандидатка. Но, мора да бидеме реални – не е доволно само да предложите некого, ако тој кандидат нема да помине на гласање“, рече Силјановска Давкова, алудирајќи на потребата од политички договор во Собранието.
„Не е фер да се дискредитира професорот Славевски. Станува збор за светски признаен експерт, за кого не постојат афери, ниту криминал. И порано сме имале гувернери кои биле политички активни – како Петар Гошев, па тоа не било пречка“, рече таа.Претседателката упати и критика кон дел од јавноста која, според неа, го напаѓа секој избор од политички или лични причини. „Постои една група луѓе која мисли дека сите други се неспособни – сè знаат, сите ги критикуваат. Тоа не го разбирам“, рече таа.