8.8 C
Скопје
15/02/2025 10:35
МАКТЕЛ

   

Синдикалната или кошница што ќе ја изработуваат неколку институции ќе биде репер за реалните трошоци на граѓаните

     

Што и како треба да содржи минималната потрошувачка кошничка и дали пресметките што ги прави Сојузот на синдикати за минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство се релевантни е дилемата што се отвори на последниот Економско-социјален совет на кој немаше договор за зголемување на минималната плата.

На предлог на Организацијата на работодавачи треба да се направи официјална потрошувачка кошничка која ќе биде формирана од страна на неколку членови од различни институции.

   

– Сметаме дека таа ќе биде официјална, институционална потрошувачка кошница која ќе ги земе предвид сите оние потрошувачки елементи кои се релевантни за една кошничка. Сите се стремиме кон Европска унија и она што го истражувавме минатиот период беше дека Европската комисија нема директива по однос на потрошувачката кошница и дека секоја држава во регионот и во Европа има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично, изјави на 3 февруари претседателката на ОРМ Владинка Трајковска по седницата на ЕСС. Од ССМ, кои од 2010 година ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, остануваат на ставот дека нивната пресметка е релеватна и одговара на реалните потреби на граѓаните. Формирањето на ново тело кое ќе ги прави пресметките го гледаат како обид да се минимизираат синдикатите и да не се зголемат минималната и останатите плати.

– Она што го критикуваат во нашата кошничка е минимално пресметано, 25 грама цреши денеска можеме да поделиме со семејството, една чаша кока -кола и една чаша сок од портокал. Со 730 денари во текот на денот не може да купите ни четири бурека, ни четири јогурта, а не за појадок, ручек или вечера, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по седницата на ЕСС. Ако се споредат пресметките што ги прави Сојузот на синдикати и она што го правеше Државниот завод за статистика може да се забележи дека се речиси исти производите што влегуваат во потрошувачката кошничка.

И двете кошнички ги содржат основните прехранбени производи како леб, брашно, тестинини, ориз, шеќер, кафе, какао, јајца, млеко, вино, пиво, безалкохолни и алкохолни пијалоци, кутија цигари, млеко, кисело млеко, јогурт, сирење и други млечни производи. Во делот на овошјето, во пресметките на Државниот завод за статистика ставени се јаболкото, крушите, црешите, грозје, кајсиите и праските, тропското овошје, лубеницата и дињата и преработките од овошје, а истите овошја се сретнуваат и кај синдикалната потрошувачка кошничка со тоа што наместо тропско овошје посочени се бананите, лимонот и портокалите. Иста е ситуацијата и кај зеленчукот, месото и рибата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека нема да навлегуваат во тоа дали е потребна нова потрошувачка кошница, но според нив треба да се покачат платите согласно колективните договори.

– Ние се водиме од порастот на трошоците на живот според Државниот завод за статистика. Нашиот предлог е да се направи кошница со основни продукти за храна и пијалоци и тие да се држат под контрола. Дали треба да има нова кошница или не, не навлегуваме во разговор, но нашиот став е дека треба да се покачат платите согласно колективните договори и тоа го бараме секогаш, вели во изјава за МИА претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Подготовката на кошницата да биде транспарентна и да се заснова на заедничка прифатлива методологија

Професорот Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје за МИА посочува дека потребно е да се направи отворена дискусија за системот на подготовка, да биде јавно презентирана, заснована на заеднички прифатлива методологија и да го одразува реалниот стандард на граѓаните.

– Она што треба да го посочиме е дека подготовката на секоја кошничка или алатка, која на било кој начин е поврзана со стандардот на граѓаните и нивните примања (минимална плата, пензија итн ), треба да биде подготвена на транспарентен начин, врз заедничка прифатена методологија, да го одразува реалниот стандардот на граѓаните во конкретната земја/регионот, сите сакаме повисок стандард, но можностите се лимитирани и не треба да има никаков сомнеж и дилема околу нејзината улога и висина. Затоа голем дел од пресметката на овие кошнички во другите земји го прават државните заводи за статистика или институции кои имаат континуиран пристап до потребните податоци и го имаат потребниот капацитет, кредибилитет и експертиза за нивно редовно и одржливо пресметување, вели Треновски.

Според него, важно е и на граѓаните да им се презентира зошто се разликуваат и што одразуваат различните кошници (минимални, просечни, синдикални…)

– Затоа што само ако се реално утврдени, ќе бидат од корист за креирање на политики, кои ќе ги почувствуваат граѓаните, нагласува професорот Треновски.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува до крајот на месецов да биде готова методологијата по која ќе се пресметува потрошувачката кошница.

Во телевизиско гостување, Дурмиши соопшти дека веќе е одржан еден состанок во Министерството за економија на кој присуствувале претставници од  министерствата за финансии и за земјоделство, Царината, Државниот завод за статистика и Пазарниот инспекторат и дека ќе следуваат уште неколку состаноци по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет.

ССМ: Групата со храна и пијалоци преземена од Државниот завод за статистика и содржи 63 производи 

Синдикалната потрошувачка кошничка се изработува од 24 февруари 2010 година, а дванаесет години подоцна констатирани се низа недоследности поради што ССМ во консултација со економски ескперти изработи новата методологија за пресметка на минималните месечни трошоци.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека делот со храна и пијалоци е преземен од Државниот завод за статистика и ги содржи истите 63 производи што ги имала синдикалната потрошувачка кошница и во 2010 година и во 2023 година.

– Сметавме дека ревизијата на потрошувачката кошница треба да е креирана врз основа објективна, независна и транспарентна методологија усогласена со меѓународните стандарди и препораки се со цел да се дизајнира потрошувачка кошница која би ја одразувала реалната слика на структурата на потрошувачката на домаќинствата во Македонија, се вели во публикацијата објавена минатата година по повод новата методологија на пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната кошница опфаќа трошоци на семејство со двајца родители и две деца ученици кои живеат во сопствен стан од 60 квадрати. Семејството, како што е наведено во публикацијата, ги купува само основните прехранбени производи и притоа прават споредба со производите барајќи ги оние со пониски цени.

– Можат да си ги дозволат само основните производи за домаќинството. Кога купуваат облека секогаш предимство им даваат на производите кои што имаат попуст. Поседуваат еден мал автомобил, а повозрасното дете има и месечен билет за автобуски превоз. Сите членови на семејството се здрави и користат главно превентивни или најнеопходни здравствени услуги. Не можат да си дозволат да јадат во ресторани, единствено два пати месечно можат да си дозволат храна од сендвичара и одат на одмор во бунгалов во Дојран 7 дена во јуни, се наведува во публикацијата.

 

Најново

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите

Sase Ivanovski

„Еурактив“: Понижување на Европа

Sase Ivanovski

Американската бура во македонскиот песок

Sase Ivanovski

Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив

Sase Ivanovski

Левица: Директорот од ЗНАМ Мемов молчи за криминалите во ПИОМ

Sase Ivanovski

Македонски камионџија учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија, едно лице загина

Sase Ivanovski

Малку Хумор.-Валентајн или Св.Трифун

Sase Ivanovski

Ваноли: Елмас веќе покажа дека е важен фудбалер

Sase Ivanovski

Пругата Скопје – Солун два месеца во аут: Дотурот на стока нема да запре, повеќе работа за камионџиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза

Sase Ivanovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на обвинителот Коцевски

Sase Ivanovski

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Sase Ivanovski

Велешанка истепала дете и фрлала камења кон него, а се заканувала на неговата мајка: Судот и одреди притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Транспаренси е доказ плус дека е потребна итна смена на обвинителот Коцевски

Sase Ivanovski

Тетовчанка нападнала полицаец во угостителски објект

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Тексас

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува со активностите на Безбедносната конференција во Минхен

Sase Ivanovski

Муцунски ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Георгиев

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Sase Ivanovski

Пановски: Утре да го смениме Уставот, Бугарите ќе имаат нови барања, но барем ќе тргнеме некаде

Sase Ivanovski

Венс и Зеленски имале „добар разговор“, украинскиот претседател уверуван дека администрацијата на Трамп сака траен мир во Украина

Sase Ivanovski

Ако веќе повторно се отвора Уставот, зрели сме за целосно нов Устав, вели Ѓулистана Марковска

Sase Ivanovski

Американската армија потврди: Нема да прима трансродови луѓе во нејзините редови

Sase Ivanovski

Трамп за обраќањето на неговиот заменик во Минхен: Брилијантен говор, Европа да биде внимателна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Елмас го постигна првиот гол во дресот на Торино

Sase Ivanovski

Јулија Навалнaja: Нема смисла да се преговара со Путин

Sase Ivanovski

Гувернерката на Народната банка Ангеловска-Бежоска се сретна со холандската амбасадорка Џанел

Sase Ivanovski

Млада тетовчанка нападнала полицаец во селска кафеана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пеш, на велосипед и со трчање, студентите по неколку дена стигнаа во Крагуевац

Sase Ivanovski

„Реформата во правосудството е мајка на сите реформи. Тоа мора да биде приоритет и цврсто верувам дека ова е основата. Откако реформите ќе бидат спроведени, корупцијата може да биде елиминирана, а довербата исто така и на инвеститорите ќе се врати и тоа е многу важно за државата да просперира“, изјави вечерва во интервју за МРТВ евроамбасадорот Михалис Рокас. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано Мицкоски продолжува со активностите на Безбедносната конференција во Минхен Милош Биковиќ двапати опериран во Русија: Откриено во каква состојба е и каде се наоѓа Зеленски: Без американска помош, Украина не може да издржи во војната со Русија Тој потсетува дека експерти на ЕУ дале 40 препораки и сугестии, како и извештаи за состојбата во правосудството, а посочи и на Извештајот за напредокот на земјата. „Сето тоа содржи сè што треба да се направи за усогласување на земјата со стандардите на ЕУ во контекст на владеење на правото. Значи, сето ова е дел од процесот. Вистина е дека има неколку препораки за составот и изборот на членовите на Судскиот совет, за разрешувањата и механизмите, но сето тоа е дел од механизмите што треба да се воведат, вклучително и новите закони што треба да се применат“, рече Рокас. „Нашите препораки не се насочени против одредени поединци во судскиот систем, туку претставуваат низа значајни препораки кои доколку се имплементираат и законите бидат усвоени, ќе овозможат зајакнување на судството и неговото независно функционирање“, додаде евроамбасадорот.

Sase Ivanovski

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, порачува Рокас

Sase Ivanovski

Русија и Србија преговараат за американските санкции против НИС

Sase Ivanovski

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Вeнс, денеска се сретнал со Алис Вајдел, претседателката на германската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), јавија локалните медиуми. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано Мицкоски продолжува со активностите на Безбедносната конференција во Минхен Милош Биковиќ двапати опериран во Русија: Откриено во каква состојба е и каде се наоѓа Зеленски: Без американска помош, Украина не може да издржи во војната со Русија Средбата се одржа во хотел во Минхен, каде што Венс учествува на годишната Минхенска безбедносна конференција. Претходно, во своето обраќање на конференцијата, Ванс ја критикуваше стратегијата на германските партии кои „се обидуваат да ја изолираат АфД“ и упати остри забелешки за демократските процеси во Европа, што наиде на реакции од европските претставници. Состанокот меѓу Ванс и Вајдел се случува само една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 23 февруари.

Sase Ivanovski

Американскиот потпретседател Венс се сретна со лидерката на АфД, ѝ дал поддршка пред изборите во Германија

Sase Ivanovski

Американец уапсен на аеродромот во Москва

Sase Ivanovski

Стапката на рециклирање во земјава за жал е многу ниска споредбено со Европската Унија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Зголемени приходи од царини во јануари, решавање на статусот на 600 специјализанти и 1180 средномедицински персонал до крајот на годината

Sase Ivanovski

Изет Меџити: 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Sase Ivanovski

НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР МЕЃУ САД И РУСИЈА БЕЗ УЧЕСТВО НА УКРАИНА Зеленски стравува дека Путин ќе сака да постигне двострани преговори со Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шекеринска: Поголеми издвојувања за одбраната се со цел да избегнеме војна

Sase Ivanovski

Го гласаа за да го врати уставното име, а сега разговара да ни ги смени и грбот и химната. За ова ли гнијат уставобранителите по затвори?

Sase Ivanovski

Агенцијата за национална безбедност започнува со примена на полиграфско тестирање

Sase Ivanovski

Пандов: Некои полицајци кои работат во затворот Шутка не треба да носат униформа – го срамат затворскиот систем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илиевски: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот, туку промена на грбот и химната

Sase Ivanovski

Се огласи Кремљ за нападот на Чернобил:„Уште една измислица“

Sase Ivanovski

Зеленски во Минхен: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Sase Ivanovski

Едукативна трибина за одговорно играње игри на среќа

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана на Трамп: Дипломатијата е важна, но на крајот се важни куршумите и тенковите

Sase Ivanovski

Тројца тешко повредени откако со автомобил излетале од патот кај Македонска Каменица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКИ ПАША ЈАЛИСИ Позната како најскапата куќа во Турција која се наоѓа на брегот на Босфорот во Истанбул.

Sase Ivanovski

Палевски повторно бара изземање на обвинителите, вели дека фалсификувале докази

Sase Ivanovski

Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања, порача Таравари

Sase Ivanovski

Пандов: На дисциплинска двајцата затворски полицајци кои му го дале телефонот на Васил Јованов

Sase Ivanovski

Во ресторан струмичанец избодел сограѓанин

Sase Ivanovski

Жена украла 1000 евра од дебитна картичка, ја поттикнал пријател

Sase Ivanovski

Сума од 12 милони евра од ТАВ за реновирање на 8-ми Септември

Sase Ivanovski

Трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година зголемени за 4.9 %

Sase Ivanovski

Одбраната тврди дека не ги видела пораките што наведуваат дека Палевски планирал да оди во Москва

Sase Ivanovski

ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ ИМА НОВ ЛИДЕР Стерјо Папули е избран за претседател

Sase Ivanovski

ЗАМРЗНАТИ 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА НА ФИРМАТА СО КОЈА ПРАВЕЛ ДУБАРИ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК БИТОЛА Наместен тендерот за ископ во рудникот Брод Гнеотино

Sase Ivanovski

KРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДИРЕКТОР И СЛУЖБЕНИЦИ ВО РЕК-БИТОЛА И ЗА ТРОЈЦА ОД БЈН Правно лице го оштетило буџетот за 178.370.320 денари

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ В САБОТА Хамас сака да го зачува примирјето во Газа

Sase Ivanovski

ЗАГИНА ПАЛЕСТИНЕЦ ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВРЗ ГАЗА Примирјето меѓу Хамас и Ерусалим е на стаклени нозе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДВАЈЦА АВСТРАЛИСКИ БОЛНИЧАРИ РЕКОА ДЕКА ЌЕ УБИВААТ ИЗРАЕЛСКИ ПАЦИЕНТИ Ќе ги праќале во џенемот

Sase Ivanovski

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Болест поврзана со хепатоцитен нуклеарен фактор 1β (HNF1β)

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА НЕ ГО СЛУША ТРАМП Нема да брза со намалување на каматите

Sase Ivanovski

ТРАМП Е СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ТИК-ТОК Може да го продолжи и рокот за престап на мрежата

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ РАЗВЕДАТ ЛИ БЈАНКА И КАНЈЕ ИЛИ НЕ? Еве зошто Ценсори веќе не го поднесува контроверзниот рапер

Sase Ivanovski

СИЛЕН ДОЖД ГО ПОГОДИ ГРЧКИОТ ОСТРОВ КЕФАЛОНИЈА Страшно невреме му се заканува и на Закинтос

Sase Ivanovski

АКО НИЕ ЈА ТРПИМЕ ГРЕТА ТУНБЕРГ, ВИЕ ЌЕ ГО ТРПИТЕ ИЛОН МАСК Десната рака на Трамп загрме во Минхен

Sase Ivanovski

НЕРЕДОТ НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ МОДЕЛ ЗА НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК Штајнмајер ја обвинува владата на Трамп за безобѕирност

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕВРОПА!? Потпреседателот Венс во Минхен ќе соопшти важна одлука

Sase Ivanovski

СЕ ОГЛАСИ ТИМОТ НА МИЛИЦА ТОДОРОВИЌ ЗА АПСЕЊЕТО НА НЕЈЗИНИОТ СВРШЕНИК! Еве што велат најблиските соработници на пејачката

Sase Ivanovski

УКРАИНА Е ПОДГОТВЕНА ДА ПРЕГОВАРА ЗА СЀ! Само украинскиот народ може да одлучи за промена на границите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЛАТКО ЃОРЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ ГИ МОЛЕЛ АМЕРИКАНЦИТЕ ДА НЕ ЈА РУШАТ ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ Поранешната вработена во Стејт департментот покажа фотографија од поранешниот пратеник

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ УРИВА ДИВОГРАДБАТА НА КИРО КРСТЕВСКИ ПЛАТНИК Спорната парцела ѝ припадна на Општина Центар

Sase Ivanovski

РУСИТЕ ДОБИЛЕ ОЧИЛА КОИ ЕКСЛОДИРААТ ШТОМ СЕ ВКЛУЧАТ Спречена саботажа од сомнителна донација на опрема

Sase Ivanovski

АЕРОДРОМ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА Први се прегледаа деветтоодделенците од „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: Трамп со Путин исцртува нов светски поредок

Sase Ivanovski
Вчитувам....