Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на Доналд Трамп слета во Белград, објавија српските медиуми. Според пишувањата, тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и ќе оствари средба со повеќе стопанственици од Србија.
Доналд Трамп Јуниор е извршен потпретседател на „Организацијата Трамп“ и ја води компанијата заедно со неговиот помлад брат Ерик. Нивната компанија работеше со странски влади во периодот кога нивниот татко Доналд Трамп беше претседател на САД, што наиде на неодобрување од американската јавност. Трамп Јуниор активно учествуваше во претседателската кампања на неговиот татко во двата наврати.