Доколку одговорот од ЕВН Хоум е незадоволителен, постапката продолжува пред РКЕ, а доколку Комисијата одлучи во полза на граѓаните, тогаш ЕВН е должна да ја коригира сметката. Последната инстанца е Управниот суд, односно доколку граѓаните се незадоволни и од одлуката на РКЕ, можат да поведат управен спор, велат од Министерството за енергетика. Сите граѓани кои добиле повисоки сметки за електрична енергија, да поднесат проговор до ЕВН Хоум, апелираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини Регулаторната комисија за енергетика. На тој начин може да се отпочне постапка за дополнителна проверка на броилото и утврдување на потошената енергија. Доколку одговорот од ЕВН Хоум е незадоволителен, постапката продолжува пред РКЕ, а доколку Комисијата одлучи во полза на граѓаните, тогаш ЕВН е должна да ја коригира сметката. Последната инстанца е Управниот суд, односно доколку граѓаните се незадоволни и од одлуката на РКЕ, можат да поведат управен спор.
„Сите граѓани кои сметаат дека нивната сметка е неточна имаат законско право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во рок од осум дена. Пријавата на контактот [email protected] мора да содржи број на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата. Ако ЕВН не одговори во законскиот рок или граѓаните не се задоволни од одговорот, можат да се обратат до РКЕ на [email protected] или [email protected], приложувајќи ги документите од постапката со ЕВН. РКЕ ќе изврши независна истрага и ќе донесе обврзувачко решение“, стои во соопштението од Министерството. Од таму посочуваат дека доколку РКЕ донесе одлука во полза на граѓанинот, ЕВН е законски обврзан да ја коригира сметката, најчесто со пресметковно намалување на следните фактури. Во случај на негативна одлука, граѓаните имаат право да поведат управен спор. Доколку граѓаните се сомневаат дека нивните броила не се редовно отчитувани од Министерството и од РКЕ советуваат самите да ги споредат фактурата со вистинската состојба на броилото и доколку има неусогласеност, ЕВН е должно да реагира. Исто така граѓаните можат сами да пријават состојба со отчитување на броилото онлајн или преку апликацијата на ЕВН на https://evnonline.mk/index/meterdata или https://evnonline.mk/payment/meterdata или со електронски допис на [email protected] или [email protected] и со јавување на телефонскиот број 02 32 05 000.
Граѓаните можат да поднесат и барање до ЕВН Хоме за физичко отчитување на броилото и проверка на блоковите, доколку не се во можност сами да го отчитаат броилото. Тие можат да побараат и доказ за отчитување, а според законот, ЕВН мора да обезбеди потврда за кварталното отчитување. Доколку ја нема, граѓаните имаат право на ревизија. Од Министерството и РКЕ советуваат и редовно да се следат блоковите, најниска е цената во првиот блок од 4,4 денари за киловатчас, за потрошувачка до 210 киловатчасови месечно или просечно седум киловатчасови дневна потрошувачка, како и да ја користат можноста за користење на евтината тарифа секој ден од 13 до 15 часот или од 22 до 7 часот. Според законот, ЕВН Хоме е должно квартално, на секои три месеци, да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни. Од компанијата тврдат дека околу 85 отсто од броилата се отчитуваат секој месец, но и дека има броила кои се поставени така да не можат да се отчитаат доколку корисникот не е присутен. Дел од броилата, околу 15 отсто се во непристапни, рурални средини, се читаат два пати годишно. Во период од три месеци, велат од ЕВН, процентот на отчитани броила бил над 95 отсто. За броилата што нема можност да се отчитаат во текот на месецот фактури се изготвуваат врз основа на прогнозирана потрошувачка, врз основа на потрошената енергија во последните 12 месеци.
Според информациите на ЕВН Хоум, по вовдувањето на блок тарифите се вовел механизам на проверка. За потрошувачката на корисниците кои прв пат влегуваат во четвртиот блок се појавува „системска нотификација“ и истите секогаш поединечно се проверуваат од страна на Електродистрибуција. Овој процес се спроведува пред да му се достави фактурата на корисникот. Во ваков случај, доколку влегувањето во четвртиот блок е последица на претходни неотчитани месечни состојби, односно нефактурирани киловат-часови, фактурата веднаш се корегира. Од 820.000 броила во Македонија, во ЕВН Хоум, во периодот декември – јануари пристигнале 15.000 приговори, но само мал број од овие пријави околу 15 отсто се ревидирани според новопрочитана состојба, за останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка. За споредба, од ЕВН Хоум информираат дека бројот на пристигнати поплаки во овој период е за 20 отсто помал отколку во периодот декември 2023 – јануари 2024 година. До РКЕ пак, до крајот на минатиот месец пристигнати се 345 приговори. „Како дополнителна мерка, во тек се активности за активирање на современа апаратура за проверка на броилата во Бирото за метрологија со што ќе се овозможи дополнителна независна верификација и проверка на броилата, по жалба на потрошувачите, во државна институција. Ова ќе придонесе за дополнителна транспарентност, правичност и контрола“, велат од Министерството и РКЕ. Извор: Новинска агенција МЕТА