МАКТЕЛ

     

Сите за правично судење“: Тимското испитувањето на супервештаците за „Ласкарци“ е спротивно на ЗКП

      

Од невладината која со свои набљудувачи го следи судскиот процес, апелираат судечкиот совет во „Ласкарци“ со должно внимание да го следи текот на главната расправа и испитувањето на вештаците и доследно да се почитуваат и толкуваат релевантните одредби до ЗКПТимското испитување на вештаците кои го изготвија супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари 2019 година, е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), реагира невладината Коалиција „Сите за правично судење“ која врши мониторинг на судските случаи.
Реакцијата доаѓа откако на претходните две судски рочишта (21 јануари и 2 февруари 2023) судечкиот совет на чело со судијката Дијана Груевска-Илиевска дозволи тимот од четворица сообраќајни инженери во судница да се испитува практично како едно лице иако на тоа се противеше јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сепак, судијката одлучи дека тие како тим заедно работеле и го изготвиле супервештачењето, па затоа може да се надополнуваат во одговорите. Така, иако обвинителот избра еден од вештаците да одговара на неговите прашања, додека го испрашуваше останатите вештаци останаа во судницата и со кревање рака го надополнуваа и дообјаснуваа нивниот колега.Во својата реакција, од Коалицијата „Сите за правично судење“ која има свои набљудувачи на судските рочишта, наведуваат неколку одредби од ЗКП кои сметаат дека биле прекршени од страна на судот. Една од нив е одредбата која дозволува вештаци да го следат судскиот процес и да ги слушаат останатите сведочења, но, потенцираат од невладината, тоа не значи и дека е дозволено „тимско“ одговарање“.

   

„Согласно одредбите од ЗКП, конкретно членот 378 вештите лица можат да присуствуваат во текот на главната расправа и да го следат судењето односно да можат да ги чујат исказите на сведоците кои ќе бидат испитани, како и да се запознаат со другите докази кои ќе бидат изведени во текот на главната расправа. Оваа одредба во ниту еден случај не значи дека тие можат да даваат одговори на прашања коишто се поставуваат на други вештаци кои се предмет на испитување, или со други зборови, законот не предвидува можност за ’тимско‘ одговарање на прашањата што се поставуваат за конкретното вештачење. Дотолку повеќе што согласно членот 360 од ЗКП, претседателот на судечкиот совет е должен да ги предупреди присутните во судницата да не го нарушуваат текот на расправата, па дури ’може да нареди од заседанието да се отстранат лицата кои како слушатели присуствуваат на главната расправа, доколку тие и по опомената го нарушуваат одржувањето на главната расправа‘“,велат од Коалицијата.

Понатаму, потсетуваат дека членот 389 од ЗКП предвидува дека сведоци и вештаци кои се испитани може да се отстранат од судница и потоа повторно да бидат повикани и да се испитаат во присуство на други сведоци или вештаци. Во конкретниот случај со рочиштата за „Ласкарци, според невладината, би било сосема оправдано ако судечкиот совет реши вештаците кои не се испитани да се отстранат од судницата, па ако има несовпаѓање на нивните искази потоа да бидат повикани сите заедно за да се соочат и утврдат причините за неконзистентноста на нивните искази. Сепак, нагласуваат набљудувачите, и во ситуација на соочување тие не би смеело да одговараат истовремено на исто прашање.

„На ова се надоврзува членот 387, став 4 од ЗКП согласно кој ’ако некоја од странките бара вештото лице да се испита на главната расправа, писмениот наод и мислење ќе бидат прифатени како доказен материјал само ако вештото лице кое го изработило вештиот наод и мислење дало свој исказ на главната расправа и била дадена можност да биде вкрстено испрашано‘. Во конкретниот случај, освен вештото лице кое било повикано да даде исказ пред Судот, ниту еден друг член од тимот на вешти лица кој бил присутен во судницата не смеел да одговара на прашањата што биле поставувани додека не биде повикан да сведочи, бидејќи на овој начин de facto се заобиколува можноста странките директно и вкрстено да ги испитаат сите вешти лица кои го изготвиле вештачењето. Ова е особено битно доколку се има предвид дека вкрстеното испитување е веројатно најголемата можност за дискредитација на вештото лице, односно дискредитација на изготвеното вештачење во целина, нешто што не е возможно да биде направено доколку истовремено се испитуваат сите вешти лица“,
реагираат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Од невладината апелираат судечкиот совет во случајот „Ласкарци“ со должно внимание да го следи текот на главната расправа и испитувањето на вештаците и доследно да се почитуваат и толкуваат релевантните одредби до ЗКП.
Вештите лица автори на машинското супервештачење треба да сведочат и утре кога повторно ќе одговараат на прашањата на обвинителот Дарко Јакимовски. По нив, во судница ќе треба да се испита и тимот од тројца сообраќајни инженери кои го изработија супервештачењето за сообраќајниот дел.

   

Најново

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski
Вчитувам....