Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто потврди дека побарал од украинскиот министер за енергија Херман Галушченко да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура што водат кон Унгарија. „Неодамна имав средба со украинскиот министер за енергетика и го замолив да ми помогне да ги убедам оние што треба да бидат убедени во Украина да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура што води кон Унгарија“ – изјави Сијарто во интервју за руската агенција РИА Новости. Тој потсети дека безбедноста на нафтоводите и гасоводите преку кои руските енергетски испораки влегуваат во Европа е една од безбедносните гаранции што Европската комисија и ги дава на Унгарија и дека официјална Будимпешта сепак очекува таа да биде исполнета.
Сијарто се осврна и на ставот на Унгарците, велејќи дека Унгарија не гледа смисла да го тужи официјален Киев за кршење на правата на унгарската заедница во Украина бидејќи, како што оцени, повеќето меѓународни судови се политички пристрасни. „Не гледаме рационални причини за тоа, бидејќи повеќето меѓународни институции се многу пристрасни и политички мотивирани и не можат да направат граница меѓу правата на националните малцинства и геополитиката“, рече Сијарто. Тој претходно изјави дека Унгарија нема да се согласи на никакви чекори за прием на Украина во Европската унија додека не се вратат правата на унгарската национална заедница во Закарпатија, пренесува Танјуг.